Соопштенија

Во Музејот за современа уметност се одржа традиционалната прослава по повод Денот на МНР - 29 април. Годинешната јубилејна прослава ја одбележа 50 годишнината од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, претходник на современото Министерство за надворешни работи, кое во 1991 год. на Денот на независноста ја презеде одговорноста за етаблирање на земјата како независна и суверена држава.

030519OA MNR Dimitrov 50 godishninata od zarodishod na dipl. sluzba 6069

На прославата се обратија премиерот Зоран Заев, Министерот за надворешни работи Никола Димитров и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, а во име на дипломатскиот кор зборуваше доајенот амбасадорот Матс Стафансон.

Во поздравниот говор, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров истакна: „Особено сум почестен и ГОРД што можам со вас да ги споделам 50те години раст и развој на Министерството за надворешни работи! Во исто време, ова е вистински предизвик и одговорност за мене, бидејќи не е лесно да се зборува за нешто што е постаро од вас самиот!“ Споделувајќи ги заедничките приказни, но и несовршеностите и визијата, како особено важно достигнување на нашата дипломатија, Министерот Димитров го истакна потпишувањето на Протоколот за нашето членство во НАТО на 6ти февруари 2019 год, опишувајќи  го како „денот кога се оствари децениската заложба на нашата држава, на кој сме особено горди. Горди сме што ја избравме проактивноста, конструктивноста и одлучноста како ориентир и принцип во надворешната политика. Тоа беше најголем доказ за зрелост, и ако, како што велат нашите партнери - оваа година единствената светла приказна доаѓа од Балканот - и притоа се надоврзат превземените внатрешни реформи, тогаш несомнено и недвојбено нашата држава во јуни ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ!" 

030519OA MNR Dimitrov 50 godishninata od zarodishod na dipl. sluzba 6024

Премиерот Заев го потенцираше напредокот во надворешната политика постигнат во изминатите две години: „Северна Македонија за многу краток период ги реши сите отворени прашања и несогласувања со соседите. Од „изолирана држава“ прерасна во модел за успешно решавање на билатералните спорови. Од нашите најголеми противници создадовме наши најголеми сојузници и поддржувачи на патот кон НАТО и кон Европската Унија. Реалност стана нашата стратешка ориентација и долгогодишен стремеж да бидеме на иста маса со големите сили во НАТО сојузот. А веќе сме на чекор да го преминеме и „прагот“ на Европската Унија. Овие факти за мене, а верувам и за сите граѓаните на оваа земја се повеќе од доволни да продолжиме во ист правец кога е меѓународната политика во прашање.“ 

030519OA MNR Dimitrov 50 godishninata od zarodishod na dipl. sluzba 6114

Министерката Царовска пак, истакна: „Една од основните мои заложби за кои жестоко сум се залагала уште пред да станам министерка е родовата еднаквост. Силно верувам дека жени мора да има на лидерски позиции и еднакво да учествуваат секаде каде што се носат одлуки. Без тоа ние не можеме да зборуваме ниту за демократија, ниту за праведно општество. Жени мора да има и во дипломатијата, и во одбраната и во безбедноста.“ 

030519OA MNR Dimitrov 50 godishninata od zarodishod na dipl. sluzba 6104

Во рамки на церемонијата, МНР Димитров го додели традиционалното признание „Дипломат на годината“: „Беше предизвик и стремеж за државната политика, и за многумина во Министерството, луѓе кои му дадоа и личен белег на овој процес, ГОРД сум и БЛАГОДАРЕН на сите нив! Оттука, во годината кога го прибележуваме овој најголем успех на меѓународната политика, ми е особено задоволство што признанието за „Дипломат на годината„ му припадна, токму, на еден од нив – Дејан Велкоски!“ потенцираше Министерот Димитров.

030519OA MNR Dimitrov 50 godishninata od zarodishod na dipl. sluzba 6053

030519OA MNR Dimitrov 50 godishninata od zarodishod na dipl. sluzba 6040

 

 

 

Конзуларни услуги