Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров присуствуваше на отворањето на „Европските денови“, во организација на Институтот за меѓународни и политички студии, Скопје. Настанот што оваа година го прославува своето петто издание, со различни активности го одбележува 9ти мај – Денот на Европа, со кој Европската Унија го слави мирот и единството на нашиот континент.

060519OA MNR Dimitrov Dodeluvanje priznanie 6307

Министерот Димитров беше одликуван со Признание за особен придонес и посветеност на евро-атлантските перспективи на државата, за што му беше доделена и плакета „Мајка Тереза“. Врачувајќи му го Признанието, организаторот истакна дека тоа е израз на благодарност на македонските граѓани кон Министерот за неговата голема заслуга и за истрајните посветени напори кон остварување на стратешките приоритети и достигнувања на земјата – членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. 

060519OA MNR Dimitrov Dodeluvanje priznanie 6289

Во присуство на голем број студенти, претставници на дипломатскиот кор и академскиот свет, министерот Димитров истакна дека Признанието многу му значи, а особено задоволство му причинува што признанието доаѓа токму од  цивилниот сектор, како репрезент на граѓаните - обединети околу идејата за Република Северна Македонија како релевантен чинител и партнер во евро-атлантските структури. Осврнувајќи се на достигнувањата на домашен и надворешен план,  Министерот сподели "Последниве две години имаме со што да се гордееме, вложивме многу и постигнавме многу! Посебно се гордеам што градиме, создаваме солидарност - да се грижиме  едни за други, како што се грижиме за самите себе". Со пригодни обраќања, на настанот чиј домаќин беше општина Чаир, учествуваа Претседателот на Собранието Талат Џафери, Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и Илбер Села, директор на Институтот. На настанот беа доделени и награди во повеќе категории за најдобар студентски есеј посветен на Европската Унија.

060519OA MNR Dimitrov Dodeluvanje priznanie 6285

Конзуларни услуги