Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров  оствари средба со шефовите на набљудувачките мисии на штотуку завршените претседателски избори - на парламентарните собранија на ОБСЕ, г-ѓа Серен Моборњ, и на Советот на Европа, г-ѓа Мари-Кристин Далоз, како и со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, г-ѓа Корнелија Јонкер.

 

4

На средбата високите меѓународни претставници изразија задоволство од добро спроведениот втор изборен круг и од мирната и демократска атмосфера која овозможи слободно изразување на волјата на гласачите. Беше истакната ефикасноста, професионалноста и непристрасноста на изборната администрација, како и транспарентноста на целокупниот изборен процес. Потенцирана беше и улогата на медиумите кои овозможија мноштво на информации за кандидатите и балансирано покривање на кампањата. Иако законската рамка за одржување на изборите е оценета како погодна за одржување на демократски избори, сепак беше укажано на потребата од сеопфатна реформа на изборното законодавство која ќе ги отстрани воочените правни недостатоци и празнини.

Министерот Димитров истакна дека одржаните претседателски избори го покажаа демократскиот капацитет и зрелост на институциите, но пред се и над се на граѓаните, како неопходен предуслов за европската интеграција на земјата. Заблагодарувајќи се за поддршката на ОБСЕ/ОДИХР и на Советот на Европа, Министерот ја реафирмира подготвеноста на Владата за продолжување на реформите на изборното законодавство, како неопходност и во контекст на европската интеграција на земјата.

3

Конзуларни услуги