Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Венеција ќе се обрати на отворањето на македонскиот павилјон во рамките на 58то Венециско ликовно биенале. Национален претставник на нашата држава оваа година е проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља.

IMG 20190508 WA0000

Во пресрет на официјалното отворање на Павилјонот кое ќе се одржи во палатата Рота Иванчич во Венеција, Министерот Димитров изјави: „Посебно сум горд што Република Северна Македонија е меѓу 90те национални учесници на овој светски уметнички настан од највисок ранг. Низ годините, уметниците се покажаа како едни од нашите најдобри Амбасадори. Сигурен сум дека тоа ќе биде потврдено и годинава.“

Конзуларни услуги