Соопштенија

Во Скопје се одржаа политички консултации на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Турција, предводени од државниот секретар, Виктор Димовски и заменик министерот за надворешни работи, Фарук Кајмакџи.

01


На консултациите беше разговарано за можностите за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заемен интерес. Односите меѓу двете земји се одвиваат во духот на традиционалното пријателство и партнерство и со динамична соработка, истакнаа соговорниците.

Државниот секретар Димовски се заблагодари за конзистентната поддршка на Турција во однос на стратешката цел на нашата држава – членството во Северно-Атлантскиот сојуз. Соговорниците се согласија дека Северна Македонија до крајот на оваа година треба да стане полноправна членка на НАТО.

02


Од турската страна, беше потврдено дека Протоколот  наскоро ќе биде ратификуван во Големото национално собрание на Турција.

Заменик министерот за надворешни работи на Турција, Кајмакџи оствари протоколарна средба и со заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

03


На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави, како и заемните заложби за зајакнување на соработката во областа на одбраната, економската, културната и соработката во областа на образованието, како и во други области од интерес на двете пријателски земји.

ЗМНР Жерновски упати благодарност за силната поддршка од Република Турција за евроатланското интегрирање на Република Северна Македонија.

04

 

 

 

Конзуларни услуги