Соопштенија

На покана на министерот за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре (28 мај 2019 година) во Братислава ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

 

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Потврда за тоа претставува и одржувањето на редовните годишни состаноци во овој формат, помеѓу министрите за надворешни работи на В4 и Западен Балкан.

Овогодинешниот состанок во Братислава се одржува во рамките на Словачкото претседателство со Вишеградската група. Темите кои ќе бидат предмет на дискусија на состанокот се унапредувањето на реформскиот и евроинтеграциски процес на земјите од Западен Балкан – научените лекции, а ќе се разговара и за заедничката европска иднина во новиот геополитички контекст.

Конзуларни услуги