Соопштенија

На 29 и 30 мај 2019., во Министерството за надворешни работи, се одржа дводневна работилница „Симулација на меѓународна конференција“ на француски јазик, наменета за државни службеници.

Проектот, насловен како „Францускиот јазик – јазик на меѓународните односи“, го ко-организираат Францускиот институт во Скопје и Директоратот Дипломатска академија од МНР.

Работилницата ја отворија Државниот секретар во МНР, Амбасадорот Виктор Димовски и Амбасадорот на Француската Република, Кристијан Тимоние. Поздравувајќи ги бројните учесници од повеќе државни институции, Државниот секретар Виктор Димовски, нагласи дека Француската Република, и во оваа пригода, ја покажува својата проактивност, поддршка и интерес за нашата земја, преку конкретен проект да придонесе за зајакнување на јазичните капацитети на нашата администрација.

IMG 5789Проектот, истовремено е и придонес кон продлабочувањето на билатералните односи, но и импулс за динамизирање на активностите во рамките на Франкофонијата, каде што Република Северна Македонија, активно учествува во рамките на големото франкофонско семејство.

IMG 5790Амбасадорот Кристијан Тимоние подвлече дека овој настан претставува иницијален проект од Стратегијата на Франција за Балканот. Нагласи дека Франција, го цени напорот на Владата, во насока на афирмација на францускиот јазик во македонските основни и средни училишта, преку формирање билингвални франкофонски паралелки, и особено во насока на промовирање на вредностите на Франкофонијата.

Конзуларни услуги