Соопштенија

Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, оствари средба со известителите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Лиза Кристоферсон и Валериу Гилечи, кои престојуваат во дводневна работна посета на Република Северна Македонија.

rsz img 5788На средбата, државниот секретар Димовски ги запозна соговорниците со реформските постигнувања на земјата кои и овозможија на Европската Комисија да даде највисоки оценки за подогтвеноста на нашата земја за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Притоа, беше изразено уверување дека земјите-членки на ЕУ ќе ја прифатат препораката и ќе донесат одлука за отпочнување на преговорите, не само како признание за севкупните реформи и за развојот на добрососедските односи, туку и како влог за понатамошниот демократски развој на земјата и стабилноста на регионот.

Известителите Кристоферсон и Гилечи дадоа високи оценки за реформите спроведени по нивната последна посета минатата година и го поздравија развојот на добрососедските односи и определбата за нивно понатамошно унапредување.

Конзуларни услуги