Соопштенија

На 7 јуни 2019 година, во Скопје, се одржа Седмиот состанок на Постојаната мешовита комисија за граници со Република Грција.

 

За време на состанокот Делегацијата на Република Северна Македонија предводена од државниот секретар Виктор Димовски и Делегацијата на Република Грција предводена од генерал мајорот Анастасиос Спанос разговараа за реализираните активности во однос на поставувањето на граничните пловни ознаки во водите на Дојранското Езеро, за активностите кои до крајот на оваа година треба да бидат преземени за поставување на граничните пловни ознаки во водите на Преспанското Езеро, за активносите кои до средината на следната година треба да бидат преземни во врска со чистење на граничната линија на заедничката државна граница, како и за активностите сврзани со копнените гранични белези.

1Двете делегации разговараа и за потреба од потпишување на нова билатерална Спогодба со која ќе се регулира прашањето за чување, одржување и обновување на граничните ознаки на граничната линија меѓу двете држави, како и прашањето за предупредување, спречување, испитување и решавање на граничните инциденти, со оглед дека постојната Спогодба која се применува датира од 1959 година.

Постојаната мешовита комисија го поздрави потпишувањето на двете билатерални спогодби со кои се предвидува отворање на два нови гранини премини меѓу Република Северна Македонија и Република Грција и очекување дека по нивното стапување во сила ќе отпочнат практични активности од двете страни во таа насока. Воедно, државниот секретар Виктор Димовски изрази очекување дека во истиот дух во блиска иднина ќе биде потпишана и билатерална спогодба за отворање на граничен премин кај Николиќ-Дојрани.

Двете страни начелно се договорија следниот состанок на оваа Комисија да биде одржан во Солун, Република Грција кон крајот на јуни или почетокот на јули 2020 година.

2

Конзуларни услуги