Соопштенија

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на Зедничката меѓувладина комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година, а со кој ко-претседаваа министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

100619OA MNR Dimitrov Zaednicka megjuvladina komisija 8505

Покрај МНР Димитров и ЗПВРБ и МНР Захариева, на состанокот учествуваа и високи претставници од двете земји од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски; а се зборуваше за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Во рамките на денешните активности, беа одржани тет-а-тет средби на колегите од владините ресори на двете држави, како и заедничка пленарна седница на која беше направена рекапитулација на динамиката на односите и соработката, согласно начелата и обврските кои произлегуваат од  Договорот.

100619OA MNR Dimitrov Zaednicka megjuvladina komisija 8474

Потенцирана беше важноста и значењето од инфраструктурната и енергетската поврзаност за развој на односите меѓу земјите, од аспект на продлабочување и интензивирање на економската соработка. Посебен акцент беше ставен на конкретните проекти и активности, како и  нивна  реализација.

МНР Димитров уште еднаш ја нагласи важноста на Договорот и неговото значење за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија: „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка претставува темел на мостот кој треба да не’ зближи. Процесот на преминување на истиот е долг, може да помине време, но со сигурни и стабилни чекори на другата страна ќе не’ дочека пријател.”  

Воедно, во своето обраќање, МНР Димитров се заблагодари за бугарската поддршка на заложбите за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО. 

100619OA MNR Dimitrov Zaednicka megjuvladina komisija 8542

 

 

 

 

Конзуларни услуги