Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија Виктор Димовски на 12 јуни 2019 година во Приштина присуствуваше на церемонијата организирана по повод 20 годишнината од присуството на НАТО на Косово.

 

За време на престојот Виктор Димовски оствари средба со заменик министерот за надворешни работи, Черкин Муколи на која беше реафирмирана заемната определба за градење на односи на добрососедство и пријателство.

IMG 5904Воедно, беа разменети мислења за можностите за натамошно унапредување на односите и соработката во поголем број на области од заемен интерес и во тој контекст и за подготовките за претстојната заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и Република Косово.

За време на престојот во Приштина Димовски оствари средби и со Кристијан Хелбах, Директор за ЈИЕ во германското МНР и Анџелина Ајхорст, директор во ЕЕАС, службата за надворешна политика на ЕУ.

Конзуларни услуги