Соопштенија

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, оствари средба со Мирослав Лајчак, Министер за надворешни и европски работи на Република Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој на 18 и 19 јуни 2019 година е во работна посета на Северна Македонија.

 

190619OA MNR Dimitrov Stedba so MNR na Slovacka 8695

На средбата, министрите Димитров и Лајчак разменија мислења за актуелните предизвици во регионот на ОБСЕ и имплементацијата на приоритетите на Словачкото претседателство со ОБСЕ. На тој план, беше поздравен придонесот на Република Северна Македонија преку градење на добрососедски односи, како клуч за стабилноста на регионот на Западен Балкан. Се разговараше и за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и Европската Унија, а беа разменети мислења и за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи. Притоа, Министерот Лајчак ја реафирмираше поддршката на Република Словачка за отворањето на преговорите за членство во Европската Унија, вклучително и преку зајакната билатерална експертска соработка во клучните поглавја од преговорите.

190619OA MNR Dimitrov Stedba so MNR na Slovacka 8829

Министерот Димитров, од своја страна се заблагодари за контунираната поддршка на Република Словачка, која неодамна беше потврдена и со ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Народната рада на Република Словачка: „Посетата на Министерот Лајчак ја гледаме како уште една манифестација на континуираната поддршка на неговата земја на демократските процеси во Република Северна Македонија, како и на процесот на пристапување на Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Разговаравме за состојбите во регионот, како можеме да ги придвижиме работите напред, вклучително и преку процесот на европската интеграција. Констатиравме дека важен предуслов за стабилноста на регионот и за неговата европска иднина е одржувањето на отворен и искрен дијалог, како на регионално така и на билатерално ниво, изградба на добрососедските односи, соработка на сите полиња како инфраструктурното поврзување, енергетиката, слободната трговија, но и на непосредните контакти особено помеѓу младите.“

190619OA MNR Dimitrov Stedba so MNR na Slovacka 8724

По тет-а-тет средбата, министрите Димитров и Лајчак имаа воведни обраќања на Втората пленарна сесија на Националната конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија, која се одржа во Министерството за надворешни работи, а во организација на Европското движење Северна Македонија и Словачкото здружение за надворешна политика. На сесијата се дискутираше за реформите во неколку поглавја на Европската Унија, вклучително и за поглавјата 23 и 24: Правосудство и основни права и Правда, слобода и безбедност. Во контекст на евроинтегративниот пат на Северна Макеоднија, МНР Димитров истакна: „Кога почнувавме бевме многу далеку од нашата цел. Денес сме многу блиску до нашата цел, да почнеме конечно пристапни преговори со Европската Унија. Вчера ги добивме заклучоците од Советот за општи работи од Луксембург - заклучоци кои ја вреднуваат и ја признаваат нашата работа и дома во однос на реформската агенда, но и нашата нова надворешна политика која што не трга поглед од проблемите, туку ги гледа директно и ги решава. Но ќе бидеме се разбира задоволни и кога ќе ја добиеме и одлуката на есен, и кога ќе бидеме во организација на првата меѓувладина конференција која што сакаме да се одржи во декември оваа година.“

190619OA MNR Dimitrov Stedba so MNR na Slovacka 8739

 

 

 

Конзуларни услуги