Соопштенија

Денеска во Скопје се одржа првот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Папартис, основана согласно член 1, став 3ж, од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година.

rsz мегународна група експертиДвете делегации разменија мислења и разговараа за Деловникот за работа на Меѓународната експертска група, имајќи ги предвид заклучоците од претходните состаноци што се одржаа во Солун и Скопје.

Ко-претседавачите на двете земји се согласија следната средба да се одржи во Атина, на датум кој претходно ќе биде усогласен, а по можност да се одржи во првата недела од ноември 2019 година.

Меѓународната експертска група ги охрабрува бизнис заедниците на двете земји да го започнат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор.

Конзуларни услуги