Соопштенија

 Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска престојува во работна посета на Кралството Шведска. 

 

 svedska3

МНР Димитров учествуваше на Министерска конференција на високо ниво за Западен Балкан, во организација на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска и Европската комисија. На панел-дискусијата посветена на случувањата во земјите од регионот на Западен Балкан, со фокус на нивната ЕУ перспектива, министерот Димитров истакна: „Мора да бидам искрен, зашто јас сум случаен политичар и мислам дека треба да имаме поголема искреност во политичките дебати дома, но и надвор. Мислам дека ако мора да добиеме и единаесетта препорака од Комисијата следната година нема да имам лице да му се обратам на мојот народ, на граѓаните и да зборувам за европска перспектива. Жал ми е  што морам да го кажам ова, но ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене ќе значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години. Постигнавме очигледен демократски пресврт. Да, сѐ уште правиме грешки, не сме совршени, но постои очигледна движечка сила кон европска либерална демократија во земјата, управувана од владеењето на правото.”

svedska2

Во рамките на посетата, МНР Димитров се сретна со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром. Во фокус на разговорите беше европската перспектива  на земјата и важноста од валоризација на постигнатото. МНР Димитров: „Задоволство е да се биде во земјата чие внимание и заложба за нашиот регион бескрајно го цениме.”

svedska4

Воедно, беа разгледани прашања поврзани со искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебната соработка во повеќе сфери, пред се во делот на економијата и инвестициите. Министрите разговараа и за можностите за организирање на лидерска академија на млади луѓе од регионот што би се организирала во Стокхолм.

svedska6

Работната посета продолжува попладнево со средба на МНР  Димитров и претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.

Конзуларни услуги