Соопштенија

Денеска во Скопје, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во улога на говорник учествуваше на трибина "#МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа", а на покана на Член 1 – Институт за глобални политики и право.

 

280619OA ZMNR Zhernovski MK Diplomatija 9242

Во своето обраќање, истакна дека во последните 2 години, главна определба на Министерството за надворешни работи и на Владата на Република Северна Македонија е да делува проактивно и конструктивно во меѓународните односи, да ги решава проблемите и прашањата со кои се соочуваме, притоа почнувајќи од најгорливите отворени прашања со соседите. Целта на ова министерство е да ја промовира државата како кредибилен и релевантен соговорник во сите меѓународни организации.

Говорејќи на темата, тој посочи дека заложбата на Министерството за надворешни работи е професионализација на дипломатската служба, создавање на систем заснован на заслуги и континуирана едукација и искуство. 

"Дипломат се гради, а темелите се токму во самата Куќа - Министерството за надворешни работи", рече ЗМНР Жерновски.

280619OA ZMNR Zhernovski MK Diplomatija 9238

Понатаму, информираше дека во периодот од средина на 2017-2019, без исклучок, беа именувани 19 амбасадори, сите дипломати од кариера. Во тој контекст беше кажано дека МНР прераснува во родово сензитивна институција, за што најдобро сведочат последните назначувања на Амбасадорки и Вршителки на работи во неколку важни европски центри, меѓу кои во Европската Унија, Обединетото Кралство, Франција, Шведска, Холандија, Грција и Словенија. Мора да се потенцира и фактот дека се внимава и на соодветна застапеност на различни етнички заедници – од именуваните 19, 7 амбасадори се припадници на етнички заедници различни од македонската, соопшти Жерновски.

280619OA ZMNR Zhernovski MK Diplomatija 9244

Оваа Јавна дискусија е дел од активностите на проектот „#МКДипломатија- кон професионална дипломатска мрежа “, имплементиран од Член 1 – Институт за глобални политики и право. Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.

Конзуларни услуги