Press Releases

Во однос на изнесените невистини поврзани со здравственото осигурување на вработените во Министерството за надворешни работи, би сакале да ги истакнеме следниве факти.

 

 

Платата на вработените во МНР, како и во останатите државни институции, согласно законската регулатива, не би можела да биде исплатена без уредно уплатени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Исто така факт е дека платата во МНР во континуитет се исплаќа редовно – платата за јуни 2019 година беше исплатена во текот на вчерашниот ден (3 јули 2019 година).

Министерството за надворешни работи во континуитет и навремено ги исплатува платите и сите придонеси за своите вработени. За потврда на фактот дека МНР редовно ги уплаќа задолжителните придонеси, упатуваме да се обратите во УЈП, Фондот за пензиско осигурување и Фондот за здравствено осигурување.