Соопштенија

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија составена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре престојуваат во работна посета на Лондон.

 

10072019 mnr dimitrov megjunarodna konferencija za sloboda na mediumite london 1 0

На првиот ден од Конференцијата за слобода на медиумите, шефот на владината делегација, МНР Димитров,  се обрати на панелот „Слободата на медиумите во Западен Балкан и нови начини на работа“, на кој заедно со британскиот министер за Европа и Америка, Сер Алан Данкан и претставници на медиумите и на граѓанскиот сектор од регионот на Западен Балкан дискутираа за предизвиците со кои Регионот се соочува во сферата на медиумите.

Министерот Димитров се осврна на промените и конкретните мерки кои Владата ги презеде и воведе во поглед на подобрување на слободата на медиумите, преку зголемена транспарентност и отчетност кон медиумите и кон граѓаните, креирање услови за работа на медиумите во слободна и компетитивна средина преку отворената и критичка политичка дебата и зајакнато критичко медиумско известување, што е соодветно нотирано во Извештајот на Европската комисија и во извештајот на Стејт Департментот за човекови права.   

Цитирајќи го американскиот државник Адлај Стивенсон: „Слободните медиуми се мајка на сите слободи и на нашиот напредок во слободата“, МНР Димитров потенцираше дека Владата ќе продолжи одговорно да работи на креирање услови за слободата на медиумите, бидејќи на неа лежи главната одговорност, но ја истакна и одговорноста на новинарите и на уредувачките совети да работат согласно професионалните и етичките стандарди.

10072019 mnr dimitrov megjunarodna konferencija za sloboda na mediumite london 2 0

Утре (четврток, 11 јули 2019 год.), на вториот ден од Конференцијата, министерот Димитров ќе биде говорник на панел-дискусијата „ Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“. Тој исто така ќе учествува и на пленарни сесии и работна вечера во организација на домаќинот и ко-организаторот на Конференцијата, односно со министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристиа Фриланд.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, пак, утре ќе има свое обраќање во рамките на Националните изјави, а ќе учествува и на тркалезна маса: „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 - одржување на влијанието“

Меѓународната конференција за слобода на медиумите, којашто за прв пат во ко-организација на Обединетото Кралство и Канада оваа година се одржува во Лондон, а следната година ќе се одржи во Канада.

Конзуларни услуги