Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Република Финска за Република Северна Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.

 

120719OA MNR Dimitrov Sredba so novoimenuvaniot ambasador na Finska 9422

Министерот Димитров му посака срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата на амбасадорот Лахдевирта, изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на неговиот мандат. Министерот Димитров го поздрави почетокот на финското претседавање со Советот на ЕУ и се заблагодари за досегашната континуирана поддршка од Финска за нашите евро-интегративни аспирации. Во таа насока го информираше соговорникот за демократскиот пресврт на Северна Македонија, подвлекувајќи дека нашиот успех, јасно отсликан во Извештајот на Комисијата, треба да биде потврден и зацврстен со позитивна одлука во октомври.

Амбасадорот Лахдевирта изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-финското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период на финското претседавање со Советот на ЕУ. Тој ја повтори поддршката на финската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскор заслужен напредок на патот кон реализација на стратешките цели на нашата земја.

Конзуларни услуги