Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Кристин Форшгрен Бенгтсон, која му ги предаде копиите на акредитивните писма.

 

040919OA MNR Dimitrov Sredba so novoimenuvaniot ambasador na Svedska 1507

Министерот Димитров и’ посака срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на нејзиниот мандат. Притоа, министерот Димитров се заблагодари за континуираната поддршка на Шведска во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. Во таа насока изрази очекување за засилена поддршка на Шведска во претстојниот период со цел позитивна одлука на Европскиот совет во октомври.

040919OA MNR Dimitrov Sredba so novoimenuvaniot ambasador na Svedska 1512

Амбасадорката Бенгтсон изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-шведското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период за нашата држава. Таа ја повтори поддршката на шведската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскоро остварување на нашите стратешки цели.

Конзуларни услуги