Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп. Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, министерот Димитров изрази увереност дека во текот на мандатот на амбасадорот Јан Коп, односите и соработката меѓу двете пријателски земји натамошно ќе се продлабочуваат.

050919OA MNR Dimitrov Sredba so novoimenuvaniot ambasador na Holandija 1528 Edit

Во оваа прилика, Министерот информираше за преземените активности во последниот период во функција на обезбедување напредок во евро-интегративните процеси и актуелните домашни случувања. Во овој контекст, беше истакнато дека  очекуваме позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври, при што холандската поддршка останува клучна за валоризација на постигнатото во изминатите две години во насока на продлабочување на европскиот пат на Северна Македонија.

050919OA MNR Dimitrov Sredba so novoimenuvaniot ambasador na Holandija 1541 Edit

Амбасадорот Јан Коп изрази задоволство од укажаната можност, лично да придонесе во зајакнување на македонско-холандското пријателство. Тој ја повтори поддршката на холандската Влада за натамошна имплементација на реформската агенда во нашата држава, како и нивните заложби, оваа година со почитување на  принципот ,,стриктно и фер”, Северна Македонија да ги реализира своите стратешки цели.

050919OA MNR Dimitrov Sredba so novoimenuvaniot ambasador na Holandija 1540 Edit

050919OA MNR Dimitrov Sredba so novoimenuvaniot ambasador na Holandija 1537 Edit

 

Конзуларни услуги