Соопштенија

За прв пат од независноста, во Париз одржана церемонија „Разгорување на вечниот оган“ посветена на „8 Септември“

Вчера (недела, 8 септември 2019 година) во Париз, во чест на  Денот на независноста на Република Северна Македонија „8 Септември“,  беше организирана традиционалната церемонија на „Разгорување на вечниот оган“ на споменикот на непознатиот војник –  под  Триумфалната капија.

pariz03

По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, Амбасадорката Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред Споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.

Со овој чин на оддавање почит пред амблематичниот споменик на Франција,  Амбасадата на Република Северна Македонија го одбележа  Денот на независноста  во духот на пријателските односи  меѓу двете земји. 

pariz05

Вечниот оган за прв пат е запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден  точно во 18:30 часот.

Настанот беше овозможен од страна на  Унијата на асоцијациите „Огнот под Триумфалната капија - Оган на нацијата” и се организира за прв пат од осамостојувањето на нашата држава.

Конзуларни услуги