Светот во Северна Македонија

Меѓународната Организација на Франкофонијата (МОФ) и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, на 10 и 11 септември 2019 година, во просториите на Министерството за надворешни работи, се домаќини на 5-от семинар на француски јазик со тема „Економско зајакнување на жените, улогата на жените претприемачи во земјите од Централна и Источна Европа: за предизвиците, напредокот и пречките“.

SAM 71551


Семинарот свечено го отворија заменик претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, амбасадорот на Француската Република, Кристијан Тимоние и директорката на канцеларијата на МОФ за Централна и Источна Европа, Рени Јотова.

На семинарот беа присутни  Националните кореспонденти на МОФ на земјите од  Централа и Источна Европа, експерти од приватниот сектор за родова еднаквост и од претставници на невладиниот сектор. Околу 25 учесници од 7 земји во текот на семинарот имаат можност да презентираат, дебатираат и разменат нивни искуства за улогата на жените и застапеноста на жените во професионалниот и приватниот сектор.

Родовата еднаквост е еден од приоритетните области на делување на МОФ и со овој настан, Република Северна Македонија дава свој придонес кон оваа актуелна тема и ја манифестира својата посветеност и определба за поголема застапеност на жените во јавниот и приватниот сектор.

Скопје, 10 септември 2019 година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Конзуларни услуги