Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше воведно обраќање на отворањето на Балканскиот Донаторски Форум организиран од страна на Фондацијата Отворено Општество и нивното претставништво во Република Северна Македонија, во соработка со неколку значајни донатори од Балканот.

 

160919OA MNR Dimitrov Balkan Donors Forum 2 2130

МНР Димитров направи пресек на досега постигнатото, потенцирајќи ја евидентна промена на соработката помеѓу невладиниот сектор и Владата во изминатите две години. Признавањето на важната улога на НВО секторот се ефектуира со непосредно и важно учество во реформскиот процес.

„Напредок има само тогаш кога грешките се откриваат, а потоа се коригираат. Создадовме поволно опкружување каде медиумите се послободни и повнимателни, луѓето се погласни, а граѓанскиот сектор е партнер во остварувањето на нашите европски цели и европските промени дома.” - истакна МНР Димитров.

Теми на овогодинешниот Форум беа важноста на улогата и активностите на донаторите и локални филантропи, како и значењето на ЕУ фондовите и владините и приватни финансирања.

Конзуларни услуги