Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со претседателот на Европскиот комитет на Регионите Карл–Хајнц Ламбертц, кој е во посета на Република Северна Македонија на 17 и 18 септември 2019 година.

 

IMG 0160

За време на средбата главно се дискутираше за европските интеграции на Република Северна Македонија и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Унијата. Министерот Димитров го информираше соговорникот за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, потенцирајќи ја можноста за заеднички успех со ЕУ, преку усвојување на одлука за отпочнување на пристапните преговори во октомври. Се заблагодари за навремената посета на претседателот на Европскиот комитет на Регионите Карл–Хајнц Ламбертц, што претставува дополнителна потврда и сигнал од европските институции за европската перспектива на нашата земја.

IMG 0159

Воедно, на состанокот беа разменети мислења и за прашања поврзани со кохезија, децентрализација, прекугранична соработка, намалување на економските разлики меѓу различните региони во Европа, како и пошироко за иднината на Европа. Притоа беше заклучено дека ЕУ архитектурата нема да биде комплетна без интегрирање на регионот на Западен Балкан.

Конзуларни услуги