Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше воведно обраќање пред претставниците на младинските организации кои учествуваат на Јавната дебата со работен наслов „Регионална соработка во Западен Балкан: Нов предизвик или нова можност!” која денеска се одржа во Скопје.

 

180919OA MNR Dimitrov Ucestvo na javna debata RYCO 0300

Во неговото обраќање, министерот Димитров истакна: „Нашата најважна мисија е да ги задржиме младите таленти, генерацијата што доаѓа, дома. Градењето sидови нема да помогне. Мораме да создадеме услови младите да најдат добри работни места засновани врз нивната способност, низ фер натпревар на еднакви шанси. Да обезбедиме услови  да не го бараат европскиот пат во странство, туку да најдат европски начин на живот дома. Ние сакаме да извезуваме стоки и услуги наместо човечки потенцијал. Постигнавме очигледен напредок, нашето општество денес е многу различно од општеството пред неколку години. Не сме спремни за членство, но спремни сме да зачекориме по патот. Сега ни треба потврда и охрабрување од ЕУ. Ако го направиме тоа како што треба, ова може да биде двојна победа за сите.”

180919OA MNR Dimitrov Ucestvo na javna debata RYCO 0292

Настанот е во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Агенцијата за млади и спорт и на истиот присуствуваат претставници на земјите-учеснички во процесот на соработка во рамки на RYCO, претставници на регионалните младински организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.

180919OA MNR Dimitrov Ucestvo na javna debata RYCO 0285

Конзуларни услуги