Соопштенија

Почитувани,

Во продолжение ви ја испраќаме изјавата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во врска со одлуките на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, а во прилог ви ги испраќаме и одлуките коишто потврдуваат дека интернет порталите Инфомакс и Република го прекршиле членот 1 од Кодексот на новинари.

Ова се двете одлуки на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите (СЕММ) коишто потврдуваат дека интернет порталите Инфомакс и Република неделник, кршејќи го Кодексот на новинари и тоа во членот 1 објавиле неточни информации за моја наводна вмешаност во аферата Рекет со цел да ме дискредитираат.

Во моментот кога ги видов текстовите, згрозен од дрскоста моето име да се плетка во случај со кој немам никаква, ама апсолутно никаква врска, а чија разрешница е исклучително битна за земјава, кажав дека правда ќе побарам на суд.


Но, следејќи ги добрите европски практики и слушајќи ги апелите на новинарските организации, особено во контекст на најавените чекори за силна саморегулација на интернет просторот, сепак се одлучив да ги поддржам професионалните новинари и нивните обиди за воспоставување на ред во сопствениот двор.
Тоа е комплексен и тежок процес, не носи резултати веднаш, но на долг рок е единствениот здрав за демократијата и за слободата на говор.


Во меѓувреме, нам на кои политиката ни е чист идеал и борба за земјата, ни останува да се бориме со лагите преку уште посилна работа, посветеност и чесност.
Уште еден аргумент за оваа моја одлука, се разбира е и фактот што лаги и кал кон мене се фрлаат секој ден. Јас имам мисија и немам време за секојдневни тужби. За волја на вистината, уште помалку тоа време и приоритети ги има во моментов македонското судство.“
– МНР Никола Димитров.

 

 

 

Конзуларни услуги