Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари средба со претставници на Советот на Амбасадори.

Министерот го поздрави формирањето на Советот и подготвеноста на поранешните Амбасадори своето богато дипломатско искуство да го стават во функција на афирмација на Република Северна Македонија и нејзината надворешна политика.

190919OA MNR Dimitrov Sredba so pretstavnici na Sovetot na Ambasadori 2289

Амбасадорите Љупчо Арсовски, Мухамед Халили,  Александра Накева-Ружин, Благородна Мингова и Агим Лека го запознаа министерот Димитров со мисијата на Советот и неговите претстојни активности.

Во текот на средбата, беа разменети ставови во однос на актуелните состојби врзани за европската и евро-атлантската интеграција на нашата земја и воедно беше договорена натамошна  блиска соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадорскиот Совет.

190919OA MNR Dimitrov Sredba so pretstavnici na Sovetot na Ambasadori 2290

Конзуларни услуги