Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со министерот за надворешни работи на Република  Финска г. Пека Хависто, за време на неговата официјална посета на Република Северна Македонија на 1 и 2 октомври 2019 година.

 

021019OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Finska 3663

Фокус во разговорот беше ставен на европската перспектива на Република Северна Македонија, како и на активностите и поддршката од страна на Република Финска во рамките на финското претседателство со Европската Унија, а во контекст на очекуваната одлука за почеток на преговорите на Советот на ЕУ во октомври 2019 година. Министерот Димитров брифираше и за последните политички случувања во земјата, за зацврстувањето на внатрешната стабилност, за постигнатиот напредок во клучните реформски области од европската агенда и за преостанатите предизвици, за унапредувањето на добрососедските односи со сите од регионот, како основа за подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори.

МНР Димитров: „Благодарни сме за финската поддршка и навистина би сакале да го врежеме финското претседателство во нашата меморија, како претседателство со ЕУ, во кое конечно ќе го направиме следниот важен исчекор на нашето евроинтегративно патување.“

021019OA MNR Dimitrov untitled shoot 3676

Министерот Haavisto ја потврди цврстата поддршка на Финска кон процесот на проширување и кон евроинтегративниот пат на Северна Македонија, како и заложбите за успешен исход во контекст на нашите ЕУ аспирации за време на финското претседателство. Притоа, упати честитки за инспиративниот пример демонстриран преку Преспанскиот договор, а го поздрави и напредокот во општеството во насока на позитивни демократски промени.

Беа разменети мислења и за билатералните односи меѓу двете земји и можностите за соработка и финска поддршка особено во областите на заштита на животната средина и образованието.

021019OA MNR Dimitrov untitled shoot 3674

021019OA MNR Dimitrov untitled shoot 0329

Конзуларни услуги