Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари проштална средба со Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. На средбата, беа поздравени заложбите на Владата во делот на заштитата и унапредувањето на правата на децата и младите, посебно во делот на социјалните политики, намалување на стапката на сиромаштијата како и подобрување на квалитетот на образованието. Се разговараше и за успешното спроведување на проектот за деинституционализација, со што децата од социјалните институции се сместуваат во згрижувачки семејства.

011019OA MNR Dimitrov Prostalna sredba so pretstavnikot na UNICEF 3624

Министерот Димитров се заблагодари за личните заложби и континуираната поддршка на претставникот на УНИЦЕФ за имплементација на приоритетите на Владата како и спроведувањето на националните реформи во сферата на детската заштита, образованието и здравствениот систем. Во таа насока, МНР Никола Димитров истакна: ”Само со континуирани системски политики и подобрување на условите на децата и младите,  загарантиран е успехот на целото општество”.

Конзуларни услуги