Соопштенија

МНР Димитров денес оствари билатерална средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Заниер, кој денеска присуствуваше на меѓународна конференција на тема: „Едно општество за сите и интеркултурализам како еден од главните говорници, а воедно оствари и повеќе билатерални средби со државнот врв како и со неколку градоначалници во Скопје. Средбите беа во контекст на размена на мислења околу овозможување успешна имплементација на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, по нејзиниото освојување, како тема која е во центарот на мандатот на Амбасадорот Заниер.

031019OA MNR Dimitrov Ucestvo na megjunarodna konferencija 3832

На средбата, на која го придружуваше и Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ Која, беа разменети мислења за активностите околу подготовката и идната примена на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, која е резултат на концептот зад кој застана Владата, поддржан од сите домашни засегнати страни - државните институции но и граѓанскиот сектор, академската заедница, и меѓународните партнери – ОБСЕ, Европската Унија и Советот на Европа.

МНР Димитров ги поздрави ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и истовремено се заблагодари на неговата поддршка на Стратегијата за интегрирано образование, како една од најсуштествените елементи и предизици на патот на овозможување на едно општество за сите.

031019OA MNR Dimitrov Ucestvo na megjunarodna konferencija 3837

ВКНМ Заниер, ја реафирмираше поддршката за процесот како и спремноста и понатаму да ја помогне имплементацијата на Стратегијата, особено во контекст на неговиот посебен интерес за интегрираното образование, а во насока на создавање на интегрирано и функционално општество што треба да претставува долгорочна цел на сите политички актери во земјата.

Претходно, МНР Димитров имаше обраќање на Конференцијата „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам“, која денес во организација на канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ се одржува во Скопје.

031019OA MNR Dimitrov Ucestvo na megjunarodna konferencija 3799

МНР Димитров констатираше дека „во изминатиот период, Северна Македонија покажа дека има капацитет да извезува стабилност но и добри вести во регионални и европски рамки– преку силната политичка посветеност, лидерство и храброст – за надминување на отворените прашања со соседите, но и за смело носење со домашната реформска агенда, а секако во насока на обезбедување на подобро утре на нашите граѓани. Стратегијата за едно општество и интеркултурализам е клучен чекор токму во таа насока. Унапредувањето на кохезивноста на нашето општество, заедништвото подеднакво отворено и достапно за сите чинители е секако еден од главните индикатори за успешната македонска приказна која се обидуваме да ја изградиме.”

031019OA MNR Dimitrov Ucestvo na megjunarodna konferencija 3745

Конзуларни услуги