Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во Министерството за надворешни работи, со поздравен говор ја отвори „Регионалната школа за безбедност 2019“, на тема „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата - предизвици за регионална соработка“. Школата е во организација на Факултетот за безбедност - Скопје со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел, а во соработка со Центарот за истражување и креирање на политики.

Слика 3

Во своето обраќање, заменик министерот Жерновски посочи дека нашите општества се соочуваат со сериозен предизвик од оние кои сакаат да управуваат со стратешките приоритети на другите земји за свои интереси, од хибридни закани, сајбер напади и најекспонираните во нашиот регион - лажните вести. Овие закани имаат голем потенцијал да ја нарушат политичката сцена, економијата и работата на јавните служби, преку насочени кампањи за дезинформации, до непријателски воени или субверзивни активности, со цел да се наметне нивното влијание. “Напорите да се дестабилизираат државите со поткопување на јавната доверба во владините институции, со предизвик на основните вредности на општествата, веќе станаа познат заеднички именител”, истакна Жерновски.

Слика 2

 „Во согласност со основната задача на НАТО за колективна безбедност, Република Северна Македонија, како идна 30-та земјата-членка на Алијансата, е подготвена да продолжи тесно да соработува со НАТО, како силен и сигурен сојузник подготвен да го заштити националниот сајбер-простор за време на соработката и размената на информации на национално и меѓународно ниво, обезбедувајќи истовремено отворен, бесплатен, доверлив и безбеден компјутерски простор”, изјави ЗМНР Жерновски во својот говор.

Слика 1

Заменик министерот Жерновски, соопшти, имајќи го предвид регионалниот контекст и нашата подготвеност да соработуваме со соседните земји кои имаат исти проблеми, а водени од одличната соработка и поддршка од Европската комисија во областа на дигиталната политика, како Влада, имаме предложено, првиот Регионален центар за обука и истражување од областа на сајбер безбедноста, да биде отворен во Скопје.

Слика 4

На настанот имаше интерактивна дебата помеѓу студенти и професори од Република Северна Македонија, Бугарија и Грција, како и меѓу претставници од релевантни институции од земјата. Оваа иницијатива Фондацијата „Конрад Аденауер” ја имаат започнато во 2015 година и има за цел јакнење на регионалната соработка помеѓу академските кругови од овие земји, и секако соработка и размена на идеи помеѓу студентите од сооветните факултети, како идни носители на одлуки во областа на безбедноста. 

Конзуларни услуги