Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денес оствари средба со  вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, г-ѓа Кристин Форшгрен Бенгтсон.

71544264 510505142844401 3637626614386262016 n

На разговорот беше изразено заемно задоволство од досегашниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

На средбата, главно се дискутираше за европските интеграции на Република Северна Македонија и за очекувањата од претстојниот Совет на Унијата. Заменикот министер Жерновски информираше за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области во нашата држава, при што искажа очекување за продолжување на гласната поддршка од Шведска, со цел позитивен исход на Европскиот совет овој месец.

71775369 639513346454739 9181310464347340800 n

Од страна на амбасадорот Форшгрен Бенгтсон, беше поздравена силната посветеност на Владата на Северна Македонија за спроведување на реформскиот курс како и определбата за натамошно јакнување на македонско-шведското пријателство.

 

Конзуларни услуги