Соопштенија

Денес во официјална посета на Република Северна Македонија, престојуваше сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

 

071019OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Avstrija 43779

Во рамки на посетата, министерот Шаленберг оствари средби со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Владата Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

071019OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Avstrija 43799

На средбата во МНР, во фокусот на разговорите беа европските интеграции на Република Северна Македонија и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија. Министерот Димитров информираше за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, нагласувајќи дека посетата на австрискиот колега доаѓа во време кога Северна Македонија ги одбројува последните денови до очекуваната одлука за започнување на преговори, при што поддршката од австриските пријатели беше и останува од непроценливо значење.

Во тој контекст, министерот Димитров подвлече: ,,Позитивната одлука во октомври ќе придонесе не само кон зголемена доверба, кредибилна потврда на европската перспектива, предвидливост и позитивна динамика во регионалните случувања, туку ќе даде и поттик, за продолжување со вложување сили и енергија кон ребрендирање на регионот и неговиот имиџ во корист на младите генерации.”

071019OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Avstrija 4398

Од страна на гостинот, беше поздравена силната посветеност на Владата на Република Северна Македонија за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека остануваат силен поддржувач на нашиот заслужен напредок кон натамошно приближување кон Европската Унија.

071019OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Avstrija 4399

Во годината кога двете земји одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи, со задоволство беше констатирано дека Австрија, како најголем странски инвеститор во Северна Македонија, спаѓа меѓу оние држави со кои имаме најбогата соработка во различни области од заемен интерес.

Конзуларни услуги