North Macedonia in the World

Голем број дипломатско – конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во светот свечено го одбележаа “Денот на независноста – 8 Септември”.

 

 

Во рамки на свеченостите, амбасадорите и високите дипломатски претставници на Република Северна Македонија ги нагласија напредокот и достигнувањата на земјата на полето на реализација на стратешките цели, како и очекувањето за утврдување на датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ во октомври 2019 година.

Свеченостите беа збогатени со културно-музички програми, што имаа за цел промовирање на македонската традиција и богатото културно наследство.

На одржаните свечени приеми присутни беа видни гости од различни сфери на општествено живеење во земјите на приемот, претставници од македонската дијаспора и дипломатскиот кор.

ДКП Берлин

ДКП Љубљана

ДКП Анкара

ДКП Будимпешта

ДКП Букурешт

ДКП Виена

ДКП Загреб

ДКП Мадрид

ДКП Осло

ДКП Отава

ДКП Париз

ДКП Рим

ДКП Стокхолм

ДКП Хаг