Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес имаше воведно обраќање на конференција во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, а под закрила на заедничките активности на Европската Унија и Советот на Европа за земјите од Западен Балкан, во рамките на регионалниот настан посветен на имплементација на втората фаза на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција.

MFA 4508

МНР Никола Димитров го потенцираше значењето на темите опфатени со програмата кои се клучен приоритет за Северна Македонија во рамките на процесот на зачленување во ЕУ: ,,Четирите идентификувани области на програмата: обезбедување правда, борба против корупцијата, борба против дискриминација и заштита на правата на ранливите групи и слобода на изразување на медиумите, се веројатно клучните области на домашната реформска агенда за да станеме функционална европска демократија.

MFA 4522

Покрај министерот Никола Димитров, главни обраќања на регионалниот настан имаа и Верена Тејлор, Директор од Генералниот директорат за програмски активности на Советот на Европа и Колин Волфе, Раководител на одделот за соработка и програми со Западен Балкан од Генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија. На настанот, исто така,  учествуваа и директорите на регионалните канцеларии на Советот на Европа во земјите на Западен Балкан, националните координатори на земјите кои ја спроведуваат Хоризонталната програма и претставници од другите државни институции.

MFA 4500

По завршувањето на првиот дел од конференцијата, МНР Димитров оствари билатерална средба со Верена Тејлор, каде беа разменети мислења во насока на градење понатамошни синергии и користење на експертизата на Советот на Европа со цел подобрување на домашните реформски процеси и усогласување со европските стандарди во земјата, а со крајна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. ,,Имплементацијата на Заедничката програма на Horizontal Facility- Фаза II точно ни помага во насока на обезбедување европски животен стандард на граѓаните” - потенцираше МНР Димитров.

MFA 4541

Конзуларни услуги