Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри.

 

0F6A72C1 F505 49E6 A1CB 59FF0AA133DF

На средбата се дискутираше пред сѐ за европските интеграции на Република Северна Македонија и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија. Во таа прилика министерот Димитров се заблагодари за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.

3FDAFFC1 A647 4DA1 9FA5 3D61A2B5A730\\\\Од страна на гостите, беше поздравена силната посветеност и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека германскиот Бундестаг ќе остане силен поддржувач на нашата европска агенда и патот кон Европската унија.

1BA1CB45 BF0A 4CD9 A03B 6F9E3CD3C92F

Конзуларни услуги