Соопштенија

По повод одбележувањето на националниот празник 11 Октомври, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денес, по 23-ти пат го организираше традиционалниот дипломатски тениски турнир на терените на тенискиот клуб Евросет во Скопје. 

 

IMG 20191011 114517

На турнирот учествуваа дипломати од дипломатските мисии на Франција, САД, Русија, Кина, Словенија, Чешка, Унгарија, Словачка, Романија, ЕУ, НАТО, ЕБРД и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. По завршувањето на Турнирот беше организиран и пригоден прием за учесниците и сите присутни.  

Турнирот беше овозможен со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот културен центар, фармацевтската компанија Алкалоид, дистрибуциската куќа АВТ МК, винаријата Тиквеш и производителот на млечни производи Лакталис МК.

Конзуларни услуги