Соопштенија

Денес, во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Никола Димитров за прв пат се обрати пред  новиот состав на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, формиран по европските избори одржани во мај 2019 година. МНР Димитров се заблагодари до претседавачот на Комитетот, Дејвид Мекалистер за можноста да се обрати пред срцето на европската демократија, како и на останатите европратеници за досегашната конзистентна и видлива поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

1EB0A96C D37C 4495 BE90 630BD0B131B4

Притоа Министерот направи и кус хронолошки осврт на европскиот пат на Северна Македонија досега, на демократската трансформација и созревањето на македонското општество во изминативе неколку години, на предизвиците и многубројните мерки, активности и постигнати резултати при нивното надминување, како и на политичкиот капитал и енергијата вложена при затворање на преостанатите чувствителни отворени  прашања со соседите, водени пред сè од желбата на граѓаните за приближување кон европското семејство и вредности.

Меѓу другото, министерот Димитров нагласи: „ Оваа недела дефинитивно за македонските граѓани не претставува само уште еден обичен Совет на ЕУ. Ова е нашиот состанок со историјата, на кој се очекува донесување на долгоочекуваната и како што е потврдено од многумнина, заслужената историска одлука за почеток на преговори со ЕУ. Историска во смисла на тоа што претставува отворање на вратата за поддршка на процесите за неповратна и одржлива демократска преобразба на земјата. Но и повеќе од тоа. Таквата одлука ќе претставува и вистински сигнал во вистинско време до целиот регион на Западен Балкан и пошироко, потврдувајќи ја вербата на граѓаните во европската идеја и надежта на прогресивните сили во кредибилноста на даденото ветување за европска перспектива на земјите од Регионот, согласно индивидуалните заслуги и постигнувања. Длабоко веруваме дека европските лидери во наредните денови ќе ја согледаат важноста на моментот и ќе ја донесат вистинската и визионерска одлука.“

 

1773D272 3AA6 40A4 BD14 E0D0E5E1860B

На самиот крај од дискусијата, европратеникот Дејвид Мекалистер кој ја модерираше оваа сесија, потенцираше„...почетокот на преговори сега е добро заслужен. Повикувам на одговорноста на сите земји членки...дека Северна Македонија заврши добра работа.”

По обраќањето на Министерот уследи и интерактивна размена со членовите на Комитетот, при што главната порака што провејуваше од страна на европратениците беше во насока дека овој момент неспорно е соодветен за донесување на одлука за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Покрај настапот пред АФЕТ, министерот Димитров имаше и засебни средби со европратеничката Натали Лоазо и со шефот на Кабинетот на Претседателот на Европскиот Совет, Пјотр Серафин. На средбите беа разменети мислења околу очекувањата и изгледите за добивање на одлука за почеток на преговори во пресрет на Советот за општи работи на ЕУ и на Европскиот Совет оваа недела.

A192A4A6 ABE2 437A 9202 964EBDB6AF72

Во текот на утрешниот ден, предвидено е МНР Димитров да учествува на состанокот во Луксембург на Министрите од PES групата од земјите членки на ЕУ кои ќе учествуваат на Советот за општи работи.

Конзуларни услуги