Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во својство на личен претставник на претседателот на државата и официјален претставник на Владата на Република Северна Македонија, учествува на церемониите за интронизација на Императорот Нарухито што се одржуваат денеска и утре во Токио.

 

GFX2 543 md

Во рамки на церемониите се одржуваат два свечени настани, односно официјалната церемонија на интронизација на императорот, проследена со свечен прием во Империјалната палата, како и официјален прием приреден од страна на премиерот Шинзо Абе.

На церемониите за интронизација учествуваат претставници на повеќе од 170 држави и меѓународни организизации, меѓу кои и претставници на сите светски кралски семејства, голем број на шефови на држави, министри и останати високи претставници од целиот свет.

Церемониите на интронизација се најважниот настан во Јапонија и настан што се случува еднаш во 30 години. Претходната ваква церемонија, односно интронизациајта на императорот Акихито се случи во 1990 година.

GFX2 544 md

Заменик министерот Жерновски ги пренесе пораките на претседателот Пендаровски за добро здравје и долго и просперитетно владеење на имераторот Нарухито, а во името на македонските граѓани посака ерата Реива да биде долга и просперитетна за јапонскиот народ.

Воедно, Република Северна Македонија и Јапонија оваа година одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи, кои се карактеризираат со традиционално добри и пријателски билатерални односи. Јапонија е меѓу најголемите билатерални донатори на нашата држава, а техничката помош се реализира преку проекти во различни области.

Континуираната јапонска поддршка и развојна помош овозможија во изминатите дваесет и пет години во Република Северна Македонија да бидат направени значајни подобрувања во многу витални области.

Конзуларни услуги