Соопштенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, присуствува на состанокот што го организира Светскиот економски форум во Женева, на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.

 

49032937567 1754e77d5b k

На работната сесија што е во тек се лидери на државите од Западен Балкан, но и пошироко од регионот, претставници на Европската комисија, на организации од Европа, како и од организаторот, Светски економски форум.

Целта на состанокот е во функција на зајакнување на економската соработка помеѓу државите од регионот, процес што е во тек и се интензивира.

Експертските искуства и поддршката од Светскиот економски форум се посебно значајни во услови на потребата од иновации, од вложувања во човечкиот потенцијал во земјите од Западен Балкан, од поттикнување на компетитивноста на домашните компании, во функција на регионалниот развој.

49032936842 f309aabf9c k

Во фокусот на дискусиите на работната сесија, според најавеното, се економската но и политичката клима во Европа, односно предизвиците и можностите на политички и економски план, со цел развој на државите од Западен Балкан во духот на позитивна агенда за иднината на регионот.

Конзуларни услуги