North Macedonia in the World

На 10 ноември 2019 година, амбасадата на Република Северна Македонија во Токио учествуваше на најголемиот фестивал во градот Чигасаки (град домаќин на македонските спортисти за ОИ 2020).

 

Chigasaki rainbow 1

На фестивалот Република Северна Македонија беше презентирана на три штандови на кои што граѓаните на Чигасаки имаа шанса да дознаат повеќе информации за земјата, како и да пробаат вино од три македонски винарии. Воедно, со помош на Здружението за јапонско-македонско пријателство беше организирана и работилница за изработка на мартинки и беа презентирани македонски чаеви и кафе. Иако е есен, изработката на мартинки e активност која во изминатиот период се покажа како многу интересна за јапонските граѓани и интересот за работилницата е голем, без разлика кога и каде се организира.

Chigasaki rainbow 13

Во рамки на фестивалот, со помош на членовите на друштвото за пријателство, како еден од главните настани, беше организиран и 30 минутен настап на јапонска фолклорна група која изведе македонски ора во традиционална македонска носија.

Според официјалните податоци од градот Чигасаки, фестивалот го посетиле повеќе од 40 илјади граѓани.

 Во промоцијата на Република Северна Македонија активно беа вклучени и институциите на градот Чигасаки.