Соопштенија

Државниот секретар  во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Малезија во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта,  Чеонг Лун Лаи кој му  ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување.

 

dsek1

Државниот секретар Попов му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Лаи и изрази очекување за натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји. Во тој контекст, ја истакна подготвеноста за интензивирање на меѓусебната соработка во повеќе области, вклучително инвестициите, технолошкиот развој и туризмот. Попов го информираше соговорникот за активностите поврзани со остварување на надворешно-политичките приоритети на земјата, а се осврна и на внатрешните актуелности, со акцент на инклузивноста на македонскиот модел на мултикултурно општество. 

Двајцата соговорници ја поздравија и успешната соработка на мултилатерлен план а  беа разменети и мислења  за актуелни теми од доменот на меѓународните односи.

 

 

 

Конзуларни услуги