Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Зоран Попов, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ.

 

dsek2

На средбата беше изразено заемно задоволство за нивото на билатералните односи и соработка меѓу двете земји како на билатерален, така и на регионален и мултилатерален план.

Државниот секретар Зоран Попов ги нагласи интересот и подготвеноста на Северна Македонија за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка со Босна и Херцеговина во сите сфери од заемен интерес, со посебен акцент на зајакнување на економската соработка. Во тој контекст, му посака успех во  извршувањето на функцијата и продолжување на одличната комуникација и соработка во извршувањето на неговата нова функција и мандат во Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења и околу актуелните состојби во регионот и можностите за унапредување на регионалната соработка во контекст на европската и евроатланската перспектива на земјите од нашиот Регион.

Конзуларни услуги