Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

 

MNR112619OA 0202

На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка, со посебен осврт на политичките односи и економските активности, како и за европската перспектива на Северна Македонија и регионот. Исто така, беа разгледани и можностите за зајакнување на секторската соработка,економската размена и инвестиции.

MNR112619OA 0210

МНР Димитров: „Посетата на МНР Дендиас доаѓа во вистинско време и е сигнал на новата ера во нашите односи и импулс за ослободениот потенцијал за збогатена билатерална соработка. Ние сме природни сојузници кои ќе негуваат и стратешко партнерство, како во НАТО, така и во ЕУ“.

MNR112619OA 0215

Од грчка страна беше реафирмирана континуираната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, Грција ќе продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор за отпочнување пристапни преговори за членство во ЕУ. 

MNR112619OA 0217

На разговорите беа разгледани модалитетите и можностите за унапредување на политичкиот дијалог, како и ангажманот на двете држави во имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор. Беше нагласена потребата од почитување на духот и словото на Договорот, и притоа беше истакнато дека суштинската и навремена имплементација на преземените обврски е од клучно значење и за развојот на севкупните односи помеѓу двете земји.

MNR112619OA 0224

Конзуларни услуги