Соопштенија

Заедницата на демократии со задоволство ја поздравува Северна Македонија како нов член во својот Управен одбор. Пристапувањето следува како признание на напредокот на Северна Македонија во демократскиот развој и се заснова на прегледот на квантитативните индекси што го рангираат напредокот на земјата на демократскиот пат, вклучувајќи ја и состојбата на основните права, политичките права и граѓанските слободи.

Соработката на Северна Македонија во Заедницата на демократиите почна со усвојувањето на Варшавската декларација во 2000 година и продолжи низ годините преку учеството на земјата во сите конференции на Заедницата на ниво на министри. Во мај 2019 година, генералниот секретар на Заедницата на демократии, Томас Е. Гарет, ја посети Северна Македонија и се сретна со министерот за надворешни работи, Н.Е. г. Никола Димтиров, со претставници на граѓанските организации и амбасадорите на земјите членки на Управниот одбор на Заедницата за да стекне подобро разбирање за можностите и предизвиците на Северна Македонија поврзани со демократијата.

Обраќајќи се на вонредниот Управен одбор што се одржа за време на 74тото  Генерално собрание на ООН, министерот за надворешни работи Димитров посочи: „Жедта и работата на мојата земја за создавање стабилна и просперитетна европска демократија дома, се совпаѓа во целост со визијата и напорите за силна, стабилна и просперитетна Европа, како и за подемократски свет, во согласност со принципите на Варшавската декларација. Затоа мојата Влада смета дека зачленувањето во Управниот одбор на Заедницата на демократиите претставува природен следен чекор и е подготвена да земе учество во активностите на Заедницата насочени кон давање придонеси за демократијата ширум светот.“

Коментирајќи го пристапувањето на Северна Македонија, генералниот секретар Томас Е. Гарет изјави:

Приказната за демократијата на Северна Македонија е важна во многу погледи, при што претставува и придржување до и аспирации за Варшавската декларација. Како првата земја од Западен Балкан што се приклучува на Управниот одбор на Заедницата на демократиите, Северна Македонија носи корисно искуство и придонесува за разновидноста на Управниот Одбор. Очекувам да соработуваме со Северна Македонија за промовирање и заштита на споделените демократски вредности ширум светот.“

Северна Македонија е втората земја што се приклучува на Управниот совет во 2019 година, по Грузија во октомври. Управниот одбор на Заедницата, составен од земји-членки од повеќето региони во светот што се наоѓаат на различни фази од нивниот демократски пат, обезбедува уникатно место за земјите што споделуваат демократски вредности да се поддржуваат едни со други и да се застапуваат на глобално ниво за прашања од заеднички интерес.

Конзуларни услуги