Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на тинк тенк настанот на тема „Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан“ во организација на Прогрес институтот за социјална демократија и во соработка со финската Фондација Калеви Сорса.

 

MNR112919OA 0297

Министерот Димитров настапи на панелот посветен на „Идните сценарија за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија“ и се осврна на очекувањата на Република Северна Македонија за наредниот период по разочарувачкиот исход од Советот на ЕУ одржан во октомври. Образложи дека Северна Македонија останува посветена на реформските напори и одлучна да ги убеди земјите членки на ЕУ што побрзо постигнување на консензус за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија е во интерес не само за земјата и Регионот, туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива. Исто така додаде дека во меѓувреме е добредојдена секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, пофер, посуштински и покредибилни.

МНР Димитров: „Ако сакате да европеизирате еден регион што е географски во рамките на самата ЕУ и успешно да го комплетирате европскиот проект, немате луксуз да пропуштите да охрабрите европска енергија, реформи и култура на компромис во регион којшто е исклучително жеден и гладен за компромиси. Нашата драстичност го става под знак прашалник кредибилитетот на политиките на ЕУ и оттука, брзото донесување на одлука за почеток на преговори паралелно со квалитетно адресирање на грижите на одредени земји членки за самиот пристапен процес, е единствениот начин за победа и на наша страна и на страната на ЕУ.“

MNR112919OA 0293

Настанот претставува прв обид за вмрежување  на тинк тенк организации од Западен Балкан со цел создавање на простор во кој нивните претставници ќе може да ги споделат своите ставови и експертиза за различни теми како и добрите пракси од нивното работење. На панелот заедно со МНР Димитров настапија и Антон Ронхолм, специјален советник на г-ѓа Тути Тупураинен, министерка за европски прашања на Финска, Флориан Бибер, професор на студиите за Југоисточна Европа при Универзитетот во Грац, Австрија и Ардита Абази Имери од Институтот за европска политика.

MNR112919OA 0325

Конзуларни услуги