Соопштенија

Заменикот министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, учествуваше на Четвртиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранската Трилатерала – Хрватска, Албанија и Црна Гора, кој се одржа во Задар, Република Хрватска.

 

ZMNR122019OA 0897

Главни теми на состанокот беа проширувањето на Европската унија во пресрет на претседавањето на Хрватска со Советот на Европската унија во првата половина од 2020 година, соработката во рамките на НАТО, а беа разменети мислења и за актуелните прашања и предизвици во Регионот.

На маргините на горенаведениот настан, заменикот министер Жерновски оствари одделна билатерална средба со својот хрватски домаќин, министерот за надворешни работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман,

На средбата беа потврдени одличните пријателски односи на Република Северна Македонија со Република Хрватска, а силно беше реафирмирана и европската перспектива на нашата земја.

ZMNR122019OA 0898

"Очекуваме одлука за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и завршување на постапката на зачленувањето во НАТО за време на нашето претседателство со ЕУ", истакна хрватскиот министер за надворешни, Радман.

Жерновски потенцираше  "Северна Македонија созрева преку својата битка. Ние ги насочуваме нашите напори кон иднината. Очекуваме позитивни вести за време на хрватското претседателство како валоризација на досега сработеното."

ZMNR122019OA 0904

Воедно, беше разговарано и за можностите за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка.

ЗМНР Жерновски имаше билатерални состаноци и со своите колеги од Република Албанија и Република Црна Гора.

На средбите преовладуваше ставот дека регионот умее да произведе добри вести ако има волја и искрен пристап.

"Сите предизвици можеме ефикасно да ги совладаме само преку заеднички и добро координирани напори на регионално ниво. Оттука, јас цврсто верувам во моќта на регионалната соработка во Југоисточна Европа", изјави Жерновски на средбите.

 

 

 

Конзуларни услуги