Соопштенија

Од денес, државјаните на Република Северна Македонија и на Украина, носители на биометриски патни исправи, ќе можат да патуваат во двете земји без визи.

Безвизниот режим подразбира краткорочен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Ова се должи на стапувањето на сила на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за условите за заемни патувања на државјаните, потпишана од МНР Никола Димитров и амбасадорот на Украина Наталија Задорожњук на 12 јули 2019 година, a ратификувана во Собранието на Република Северна Македонија на 6 ноември 2019 година.

Конзуларни услуги