Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска, го прими на проштална средба вонредниот и ополномоштен амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер.

 

Slika 1

Министерот Попоски изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Штајнакер во развојот на германско – македонските односи и соработка за време на нејзиниот дипломатски мандат во земјава, воедно посакувајќи ѝ успех во натамошната кариера. Притоа, изрази подготвеност за продолжување на отворениот дијалог и по пристигнувањето на новиот Амбасадор на СР Германија во Македонија.

 

На средбата заемно беше констатирано задоволството од позитивниот развој на односите меѓу двете земји, а воедно беше пренесен и интересот за нивно постојано унапредување во сите сфери од заемен интерес.

Slika 2

Во таа насока, беа разменети мислења и за актуелните прашања поврзани со соработката на нашата земја со Европската Унија и остварувањето на клучните национални приоритети, при што министерот Попоски уште еднаш се заблагодари на поддршката и помошта на СР Германија за што поскоро отпочнување на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.

Конзуларни услуги