Соопштенија

Денес, по повод отворањето на Унгарската Трговска Куќа во Скопје, министерот за надворешни работи, Никола Попоски имаше свое обраќање.

 

Slika 1

Тој во оваа прилика го истакна значајниот јубилеј што оваа година го одбележуваат Македонија и Унгарија – дваесет годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи.


“Задоволство ми е што можам да изнесам констатација, дека во овие изминати две децении, благодарение на заедничките напори и посветеност од двете страни, изградивме пријателски односи, негувавме континуиран и мошне активен политички дијалог, воспоставивме партнерска соработка во мноштво области“ – истакна министерот Попоски.

Slika 2

На свеченото отворање беше и заменик министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, како и министерот за економија на Република Македонија Беким Незири, и министер без ресор, Фуркан Чако.

Slika 3

Унгарската Трговска Куќа во Скопје претставува уште еден чекор во насока на стимулирање на бизнис контактите и приближување на бизнис заедниците од двете земји.

Конзуларни услуги